Воен конфликт

Руски напади врз Украина, дронови го нарушија воздушниот простор на Молдавија

25.09.2026 12:24

Украинските сили удрија врз руска рафинерија во Ростовската област. Четири дрона го нарушиле и воздушниот простор на Молдавија. Еден се урнал и експлодирал во близина до селото Черница.

Жртви и повредени во ноќните руски напади врз Киев, Одеса и Запорожје. Оштетен е и медицински објект. Украинските сили удрија врз руска рафинерија во Ростовската област. Четири дрона го нарушиле и воздушниот простор на Молдавија. Еден се урнал и експлодирал во близина до селото Черница.

„Ова не смее да се случува. Не можат туку така да навлегуваат во нашата територија“, изјави жителка на Молдавија.

Франција предупреди дека европските земји може да бидат цел на руски напади и предложи Русија и Украина да престанат со нападите врз енергетската инфраструктура и рафинериите.

„Русија ја смета Европа за стратешка длабочина на Украина затоа што Европејците им помагаат на Украинците и затоа што Украинците ги таргетираат рафинериите, чувствителните локации во Русија, за да ја сопрат војната, и на тој начин Европа може да биде цел“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

Во меѓувреме, Москва и Киев велат дека се отворени за преговори, но остануваат несогласувањата околу условите.