Македонија

УХМР: Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи

25.09.2026 15:46

До крајот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и повремени услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Според прогнозата на УХМР, до крајот на следната работна седмица ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.