Нови еврокодови за поквалитетна и побезбедна градба
Втората генерација на европските стандарди треба да донесе поквалитетно и побезбедно проектирање, градење и надзор во градежништвото. Градежниците очекуваат примената на новите правила да нема значително влијание врз цената на квадратот.

Поквалитетна и побезбедна градба при проектирањето, изградбата и надзорот во градежништвото се очекува со воведување на втората генерација на евро кодовите. Градежниците велат-трошоците за градење при воспоставување на новите правила нема да ја зголемат значајно цената на квадратот. Експертите со апел – еврокодовите да бидат единствени национални стандарди во градењето.
Од Институтот за стандардизација велат дека подготвен е акциски план за спроведување на европските стандарди до крајот на 2028 година.
Во Комората беше парафирана иницијативата за координиран пристап меѓу институциите, стручната јавност и градежниот сектор во процесот на примената на новата генерација европски стандарди.
Игор Панов
