Продолжуваат демонстрациите во Хонг Конг

02.10.2014 11:03

Демонстрантите го блокираа влезот на извршната власт во Хонг Конг. Илјадници луѓе повторно излегоа на улиците со барање за поголема демократија во кинескиот специјален административен регион.

Демонстрантите ноќта ја поминаа во шатори без поголемо присуство на полицијата. Бараат оставка од главниот администратор на Хонг Конг. Доколку тој не се повлече, се заканија дека ќе ги окупираат важните административни згради.

Активистите сакаат продемократски реформи пред следните избори во 2017 година, вклучувајќи слободно номинирање на кандидатите.