Врсничко насилство

Домот и родителите клучен фактор за дисциплината и емпатијата кај децата

25.09.2026 17:27

Смртта на 13-годишното момче, кое им подлегна на повредите откако со нож беше прободено во срцето го вклучи алармот за врсничкото насилство. Психолози предупредуваат – возрасните се тие кои мора да постават соодветен модел на однесување. Домот и родителите се клучен фактор за дисциплината и емпатијата кај децата.

Згасна уште еден млад живот од раката на свој врсник со убод во срцето. Едниот замина во неповрат, а сторителот засекогаш одбележан убиец, ќе го носи товарот на совеста од својата грешка. Психолозите предупредуваат врсничкото насилство не е само агресија, за некои е начин да добијат моќ, статус и контрола врз другите. А тогаш, проблемот не е само во оној што го прави, туку и во средината што му дозволува да успее. Возрасните мора да бидат модел со однесување на култура на ненасилство, уверуваат.

Домот и родителите се клучниот фактор за нивото на дисциплина и емпатија кај децата. Доколку во него се случува насилство тогаш голема е можноста за неконтролиран гнев кој преминува во насилство.

Зборувајте постојано со децата да не бидат следниот насилник или жртва. Бидејќи според најновите податоци на УНИЦЕФ врсничкото насилство во земјава зема замав, па 10 проценти од учениците од 11 до 15 години пријавиле дека биле малтретирани во училиште, најмалку 2 – 3 пати месечно.

Фиљана Кока