Македонија
Пријавено врсничко насилство врз шест ипол годишно дете во Кочани
25.09.2026 14:50
42-годишен маж пријавил дека неговото шест ипол годишно дете било физички нападнато во соблекувална од спортска сала во основно училиште во Кочани. Според пријавата, неколку малолетни деца го нападнале детето, го соблекле и го снимале со паметен часовник.

Нови случаи на врсничко насилство ги полнат полициските билтени. Последниот доаѓа од Кочани, каде 42-годишен маж во полиција пријавил дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште, неговото шест ипол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со паметен часовник од неколку други малолетни деца, кои биле нешто поголеми од неговото дете.
За настанот се известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
