Македонија
Сиљановска-Давкова ќе ја одликува Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“
26.09.2026 10:09
Како што соопштија од кабинетот на претседателката, Мојсов се одликува за извонредниот придонес во биохемијата како врвна светска научничка и истражувачка.

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова на денешната свечена церемонија ќе ја одликува Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“.
Како што соопштија од кабинетот на претседателката, Мојсов се одликува за извонредниот придонес во биохемијата како врвна светска научничка и истражувачка.
Професорката Светлана Мојсов e член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав и научничка чие истражување е значајно за развојот на лековите базирани на GLP-1, како „Оземпик“.
