Блиски исток

Трамп го одби предлогот на Иран

26.09.2026 10:39

Според Техеран, предлогот до американската страна бил доставен преку катарските посредници во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите нации.

Техеран доставил предлог за седумдневно запирање на регионалните судири, повторно отворање на Ормускиот теснец и обновување на преговорите за нуклеарната програма, доколку Вашингтон ги прифати иранските услови, но претседател Трамп не го прифатил планот.

Според Техеран, предлогот до американската страна бил доставен преку катарските посредници во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Ако оваа порака стигне до САД или до оние што се вклучени во разговорите, природно е дека процесот ќе почне уште истиот ден која тие ќе го прифатат предлогот“, изјави Масуд Пезешкиан – претседател на Иран.