Свет

Големи поплави во Тајланд

26.09.2026 13:42

Десетици жители се евакуирани во Банкок, а поплавите кои се проширија и во централните и источните делови целосно го блокираа сообраќајот.

Монсунските дождови кои неколку дена се интензивни, предизвикаа големи поплави во Тајланд. Десетици жители се евакуирани во Банкок, а поплавите кои се проширија и во централните и источните делови целосно го блокираа сообраќајот.

Метеоролозите предупредуваат дека поројните дождови во поголемиот дел од земјата ќе продолжат до крајот на неделава.