Конференција во Крушево

Младите бараат место во општеството

26.09.2026 12:55

Младите од Југоисточна Европа чекаат нивните општествени заедници да им кажат дека им се потребни. Во меѓувреме интензивни се миграциите, корупцијата, не се слуша гласот на младите, освен за избори што ги зголемува проблемите. Во Крушево се одржува конференција на околу 120 млади од 15 земји.

Корупцијата, невклученоста на младите во решавањето на проблемите на општествената заедница доведуваат до иселувања и миграции. Тоа се главните проблеми со кои се соочуваат младите од Југоисточна Европа. Посебен е притисокот на младите од шесте земји од Западен Балкан кои го чекаат влезот во Европската унија.

„Системот во Босна и Херцеговина остава доста простор за корупција, разни малверзации и непотизам. Но, младите се доста активни, работиме сето тоа да го намалиме и речиси да го отстраниме тој „канцер“ во општеството“, вели Адем Ајдин, БиХ.

Во Македонија и по шест години не се спроведува Законот за млади што нив ги става на маргините.

Младите го чекаат сигналот од своите општествени заедници дека им се потребни.

Елизабета Митреска