МВР

Акциска контрола во скопски угостителски објекти- осум лица лишени од слобода, меѓу нив и три малолетници

26.09.2026 15:16

Во еден објект било констатирано точење алкохол на малолетници, како и пронајдени лица со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Полицијата и Државниот пазарен инспекторат ноќеска спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. Легитимирани биле 37 лица, а осум биле лишени од слобода, од кои три малолетници.

Во еден објект било констатирано точење алкохол на малолетници, како и пронајдени лица со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Во два угостителски објекти било утврдено и пречекорување на дозволеното работно време.

Од СВР Скопје најавуваат дека акциските контроли во угостителските објекти ќе продолжат и во наредниот период.