Куманово

Патронажа наместо амбуланта

26.09.2026 16:00

Кога лекарската помош е далеку, првата поддршка често доаѓа на домашна адреса. Патронажните сестри се редовно на терен во руралните средини. Ги следат здравствените состојби на мештаните и советуваат кога да побараат лекарска помош.

39 населени места, а само две лекарски амбуланти. Во Старо Нагоричане потребата од лекар постои, но малиот број пациенти не ги мотивираат лекарите да отворат установи. Слично состојбата и во кумановско.

Затоа улогата на патронажните сестри важна врска со здравствениот систем. Тимовите на кумановскиот здравствен дом редовно ги посетуваат руралните средини. Некои пристапни, други потешко. Работат на превенција и здравствена едукација со сите возрасни категории.

„Целта е да се открија пред сè лица коишто не прават редовни контроли на лекар, да ја контролираат здравствената состојба, за да откриеме дали имаат промени во врска со крвниот притисок, шеќерот и навреме да ги упатиме да побараат лекарска помош“, истакна Љиљана Ивановска, медицинска сестра специјализирана за семејна и патронажна здравствена нега.

Преку акцијата „Здравје за сите“ лани опфатиле до 200 мештани. Велат населението не прифаќа, имаат доверба и бараат совети.

„Самиот здравствен систем и периодот на транзиција доведе да голем дел од амбулантите се затворени, некои се земени од концесионери, од матични лекари, но на некои навистина им е далеку да добијат какви било здравствена услуга па секако помагаме, ги упатуваме каде најблизу да се обратат и да добијат квалитетна услуга“, дополни Ивановска.

Патронажната служба не ја заменува лекарската амбуланта, но во средини каде таа недостига, превентивната грижа и навремениот совет можат да бидат првиот чекор до потребната здравствена услуга.

Елена Георгиевска