Истрага против инспекторка за храна осомничена за примање поткуп од 250 евра
Според Обвинителството, осомничената во периодот од 17 до 25 септември, во својство на службено лице, побарала и примила поткуп за да констатира дека објектот ги почитува сите потребни процедури за работа.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против 42-годишна вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена дека како инспекторка побарала и примила 250 евра од управител на правно лице за да изготви записник со кој би констатирала дека при инспекцискиот надзор не биле утврдени неправилности.
Според Обвинителството, осомничената во периодот од 17 до 25 септември, во својство на службено лице, побарала и примила поткуп за да констатира дека објектот ги почитува сите потребни процедури за работа.
Обвинителот до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор, поради ризик од бегство, опасност од влијание врз оштетениот и неговиот исказ, како и можноста осомничената повторно да го стори делото.
