Екстрадиран Воислав Будисављевиќ, партнерот на Мадам Пепи

02.10.2014 11:48

Будисављевиќ беше недостапен од почетокот на 2010-тата кога беше осуден на 3 ипол години затвор заради фалсификување исправи...

Изутрината од Белгија во Скопје е екстрадиран Воислав Будисављевиќ осуден во отсуство во процесот „Мадам Пепи“.

Белгиските судски власти минатиот месец дале зелено светло за неговото испорачување. Будисављевиќ беше недостапен од почетокот на 2010-тата кога беше осуден на 3 ипол години затвор заради фалсификување исправи.

Истовремено во случајот беше обвинета и Персида Момировска, позната како Мадам Пепи, која го снабдувала македонскиот џет сет со брендирана стока.

Момировска ја одлежа затворската казна и е на слобода, велат од судот. Сомневањата тогаш беа дека пратката од 2 килограми кокаин од Перу ја набавил Будисављевиќ.

Мадам Пепи пред судот негираше дека кокаинот бил наменет за неа.