Шпанија

Масовен протест во Мадрид поради состојбата со мигрантите во Сеута

26.09.2026 18:24

Демонстрантите побараа оставка од премиерот и распишување предвремени парламентарни избори.

Масовен протест во Мадрид против начинот на кој владата се справи со состојбата во шпанската енклава Сеута. Беше организиран од конзервативните партии под мотото „За достоинство и одбрана на Шпанија“.

Демонстрантите побараа оставка од премиерот и распишување предвремени парламентарни избори.

На протестот присуствуваа и лидери на опозициските десничарски партии.

Во Сеута сè уште престојуваат околу 8.300 мигранти сместени во прифатни центри, а околу 4.000 и натаму се на улиците и на плажите на Сеута.