Патна инфраструктура и гасовод за стопански развој
На пелагониско-преспанскиот регион му треба забрзана изградба на патната и железничката инфраструктура и на гасоводот за спас и стопански развој во општата енергетска криза. Фокусот на регионот може да биде и со нови брендови, а за да се задржат позитивните сигнали за враќање на младите, мора да им се понуди стратешки план.

Забрзана патна и железничка инфраструктура и гасоводот се клучните за развој на Пелагониско-преспански стопански регион кој во БДП учествува со 14 проценти, заклучија денеска стопанските комори од Прилеп и Битола. Освен тоа, со подобро образование мора да се надомести и недостигот од работна сила.
Треба да се врати фокусот на пелагонискиот производствен регион и со влез на нови брендови. Сегашните европски случувања даваат можност за враќање на младите, но најбитно е што ние ним ќе им понудиме да останат.
Во Пелагонија и Преспа се 8.600 стопански субјекти, регионот бележи раст од 3,5 проценти и зголемен извоз. Има и 10 нови компании.
Елизабета Митреска
