ИН МЕМОРИАМ
Почина Цветанка Илиева-долгогодишна новинарка, уредничка и водителка во МТВ
26.09.2026 18:48
Беше препознатлива по својата професионалност, одговорност и посветеност кон работата, активна до последните денови од животот, почитуван член на Сојузот на здруженија на пензионери...

На 77 годишна возраст почина Цветанка Илиева – долгогодишна новинарка, уредничка и водителка на голем број успешни проекти и ТВ емисии на МТВ, каде го помина сиот работен век.
Беше препознатлива по својата професионалност, одговорност и посветеност кон работата, активна до последните денови од животот, почитуван член на Сојузот на здруженија на пензионери, скромна и тивка личност, посветена на семејството и пријателите.
Нејзините посмртни останки ќе бидат изложени утре, од 10 до 11 часот, во капелата на Градските гробишта Бутел, по што ќе се изврши погребот.
