Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург.
Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“.
Претседателката ќе оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер и со гувернерот на сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а ќе го посети и Глобалниот семинар во Салцбург.
За време на престојот, претседателката ќе ја посети македонската православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“ во Халејн.
Европскиот самит во Салцбург е годишен собир во организација на Институтот на регионите на Европа. Настанот обединува водечки политичари, дипломати, експерти и бизнис лидери. Главна тема на самитот годинава е „Европа – суверен глобален играч?“, со фокус на безбедноста на континентот, економската конкурентност, демографските промени и проширувањето на ЕУ.
