Блиски Исток

Иран ќе чека официјален одговор од САД за последниот предлог

27.09.2026 11:02

Во објава за Телеграм шефот на иранската дипломатија Аракчи потврди дека Трамп го одбил предлогот, но вели дека претседателот и претходно давал спротивни изјави.

Иран соопшти дека ќе чека официјален одговор од американските преговарачи откако претседателот Трамп го отфрли предлогот за повторно отворање на Ормускиот теснец за комерцијален и поморски сообраќај во рок од 7 дена.

Во објава за Телеграм шефот на иранската дипломатија Аракчи потврди дека Трамп го одбил предлогот, но вели дека претседателот и претходно давал спротивни изјави. Трамп изјави дека предлогот на Техеран не е прифатлив и дека Иран сака да склучи договор бидејќи претрпува тежок пораз.

„Го отфрлам нивниот предлог. Тие сакаат да склучат договор со кој веднаш би ја отвориле трговијата, бидејќи трпат огромни загуби. Знаете, тоа не го читате, односно не го гледате во лажните вести, но ние бележиме огромен успех. Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.