Средба Лавров-Вадефул, прва од почетокот на војната во Украина
По разговорот, на прес-конференција Лавров изјави дека не слушнал ништо поразлично од својот германски колега од она што веќе јавно го кажува во своите официјални изјави.

Средба на германскиот и рускиот министер за надворешни работи Вадефул и Лавров во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, прва од почетокот на војната во Украина. Односите меѓу Москва и Берлин дополнително ескалираа по инцидентот со дрон на аеродромот во Лајпциг.
По разговорот, на прес-конференција Лавров изјави дека не слушнал ништо поразлично од својот германски колега од она што веќе јавно го кажува во своите официјални изјави.
„Повеќепати сме го изнеле својот став и претседателот Путин лично има кажано, така што немам што да додадам. Немаме намера да војуваме со Европа, тоа се бесмислици. Сепак, токму Европа е таа што се подготвува за војна со нас, секојдневно повторуваат дека Европејците мора да се подготват за војна најдоцна до 2030 година“, изјави шефот на руската дипломатија, Лавров.
