Свет
Големо невреме на источниот брег од САД
27.09.2026 14:44
Забележани се бранови од пет метри кои предизвикаа поплави на улиците и отежнување на сообраќајот.

Големо невреме го погоди источниот брег на САД, носејќи со себе изобилни дождови и силни ветришта, а издадено е предупредување и за поплави. Забележани се бранови од пет метри кои предизвикаа поплави на улиците и отежнување на сообраќајот.
„Навистина е лошо. Тргнав да го проверам мојот брод, но водата е премногу длабока.“
„Ова е лудо, ова е ненормално, а ќе врне и во текот на целиот ден. Жал ми е за луѓето што имаат подруми, целосно ќе бидат поплавени“, сведочат граѓани.
Особено тешка е состојбата во Њујорк и во Њу Џерси, каде што е прогласена вонредна состојба.
