Земјоделство

Привршува бербата на тутунот, се чека откупната сезона

27.09.2026 12:05

При крај е бербата на тутунот. Временските неприлики го намалија родот, но на светските пазари се бара ароматичниот тутун што го произведуваме. Сите погледи се свртени кон откупната сезона.

Бербата на тутунот привршува, производителите веќе се преокупираат со откупната сезона. Поради временските неприлики, сушата и градот количествата се намалени, но сè уште Македонија и Турција се најголемите светски производители на ароматичен тутун кој се бара на пазарот.

Македонија влезе во светската асоцијација на тутунопроизводители. Та значи афирмација на производството и можност за подобар пласман.

Годинава на сила е досегашниот закон за откуп на тутунот. По 15 ноември, откако ќе се верифицираат мострите, компаниите може да го откупуваат родот на тутунот.

Елизабета Митреска