Филипче: Гробари на партијата се прикажуваат како спасители
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со жестоко ги нападна поранешните функционери на партијата собрани околу платформата „Разговори за иднината во 12:05“, нарекувајќи ги „шемаџии“ и „пучисти“ и обвинувајќи дека зад нив стои премиерот Христијан Мицкоски. Според Филипче тие се луѓе кои се борат единствено за лични интереси, наместо за граѓаните и државата.

Гробари на партијата, се прикажуваат како спасители-претседателот на СДСМ, Филипче со жестоки обвинувања кон припадниците на Платформата 12:05, кои јавно побараа негова смена.
„Во 2024-та година, пред изборниот пораз – Игор Шема ја правеше програмата, Андреј Петров беше шеф на штабот, а Славјанка Петровска држеше една од највисоките министерски функции – ресорот одбрана“, рече Филипче, кој ги прозва и што дозволиле да се донесат измените на Кривичниот законик или зошто не се спротивставиле на дивеењето на Груби.
„Обични сателити на Мицкоски, во друштво со проруската и прокинеска Левица ќе ја реформирале СДСМ, иако работат на фрагментација на опозицијата“, критикуваше Филипче.
Претходно од Платформата 12:05, на чијашто трибина учествуваше и Левица, Филипче и групата околу него ги нарече фракција, уверувајќи дека членството им се приклонува сè повеќе. Ивановски најави и дека наскоро во партијата ќе биде доставен документ за кој очекуваат да се произнесе претседателот.
Премиерот Мицкоски, пак, во интервју за МТВ ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека стои зад случувањата во опозициската партија. Според него, платформата која се претставува како алтернатива, го потценува и го навредува народот, кога вели дека луѓето гласаат за ВМРО-ДПМНЕ зашто немале друг избор.
Припадниците на платформата се децидни дека не сакаат да прават нова партија, туку длабока реформа во СДСМ.
Фиљна Кока
