Економија

Истекува мерката за намалено ДДВ за горивата – утре нова одлука за цените

27.09.2026 17:13

Истекува важноста на мерката со која ДДВ-то за горивата беше намалено за ублажување на ценовниот притисок. На потег е Владата. Утре Регулаторната комисија за енергетика треба да ги утврди новите цени на горивата.

На бензиските станици позната слика: автомобилите се редат, резервоарите се полнат, а погледот речиси секогаш завршува на едно место – цената за литар, бензин или дизел.

Ќе остане ли десетката или резервоарите повторно ќе се полнат со 18 проценти ДДВ? На потег е Владата. Истекува важноста на мерката што стапи на 15 септември, со која ДДВ-то се намали за да се ублажи ценовниот притисок врз граѓаните и стопанството во услови на енергетска криза.

Одлуката треба да биде позната пред Регулаторна понеделнички да пресече за новите цени на горивата.

Крајната цена не зависи само од ДДВ-то. Во пресметката влегуваат и берзанските движења на нафтата, курсот на доларот и останатите елементи од методологијата на Регулаторната комисија.

Во понеделник се очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе нова одлука за цените на горивата која ќе важи следните седум дена.

Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на дизелот се искачи на 104,5 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-95 е 99 денари, а Еуросупер БС-98 се продава по цена од 101 денар за литар.

Ана Јосифоска