Доживотни казни во детонатор
Доживотна робија за Сашко Стојчов и Симеон Михајлов кои побегнаа откако полицијата им ги уапси другарите. Судот им изрече најстроги казни, но не беше милостив ни кон преостанатите 13-мина од групата злосторнички здружена која низ источна Македонија со години наназад тепала, рекетирала, изнудувала, а подготвувала и убиство. Жан Железарски доби највисока 14 и пол години, а најниска казна од година и три месеци Столе Трпевски. Обвинителството е задоволно.

-Постојат две можности или да бидат прогласени за виновни и да добијат високи затворски казни или да бидат ослободени од обвинение. За овие кривични дела не може да се прават компромиси – изјави обвинителката Вилма Русковска.
Затвор од вкупно 92 години е превисока казна, смета одбраната. Ќе се жалат пред повисокиот суд.
-Не ми е јасно како може да има различни казни кога исти лица се обвинети за соизвршителство. Би требало казните да бидат исти – рече адвокатот Сашко Дуковски.
Семејствата гневни ја напуштија судницата.
-Денешната пресуда што е донесена е нечовечка – изјави мајка на еден од обвинетите.
-Вознемирени сме, две години заради глупости, без докази, без било каков момент – рече сопругата на еден од обвинетите.
На Драганчо Стојменов кого, според обвинението, три пати се обиделе да го убијат, ќе мора да му исплатат и отштета од 9 илјади евра. Првите 8-мина остануваат во притвор до правосилност на пресудата.
Судијката денес прв пат јавно проговори за заканите што ги добивала од обвинетите, дека ќе летне како гулаб ако напише осудителна пресуда. Рече дека ниту таа, ниту кој било друг судија се плаши од таквите поздрави и дека судечкиот совет цврсто стои за изречената пресуда.
Анита Димитријевска