Регион
Апсења на северот на Косово поради сомнение за извршени воени злосторства
27.09.2026 19:22
Операција под кодно име „Досие 23“ е спроведена во општината Зубин Поток, каде кон крајот на јуни и почетокот на август беа пронајдени останки на 23 лица...

Деветмина Срби се уапсени на северот на Косово под сомнение дека извршиле воени злосторства.
Операција под кодно име „Досие 23“ е спроведена во општината Зубин Поток, каде кон крајот на јуни и почетокот на август беа пронајдени останки на 23 лица од таканаречената „Група интелектуалци“, кои исчезнаа на 19 април 1999 година.
Групата била составена од лекари, професори, наставници и други граѓани.
