Свет
Крвава ноќ во Јужна Африка: 27 загинати во две масовни пукотници
27.09.2026 20:00
Два одделни вооружени напади во Јужна Африка однесоа 27 животи, а повеќемина се ранети. Во првиот инцидент, вооружени лица отвориле оган во бар западно од Јоханесбург, додека во вториот напад, во близина на Кејптаун, биле убиени 10 лица.

Крвава ноќ во Јужна Африка. 27 лица загинаа, повеќемина се ранети во две одделни масовни пукотници што се случиле за само неколку часа. Првиот инцидент бил во бар западно од Јоханесбург, каде вооружени лица со калашникови и пиштоли отвориле оган врз гостите, кои биле внатре и надвор од локалот. Во нападот загинале 13 мажи и четири жени.
Во вториот инцидент во близина на Кејптаун, во напад на забавен објект биле убиени 10 лица, додека 11 се ранети. И таму, вооружени лица отвориле оган врз гостите.
