Фудбал: Лига на шампиони

„Големите“ моќни, „малите“ силни

02.10.2014 12:53

Блескаа синоќа Арсенал, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен! Но, со победнички кренати раце своите настапи ги завршија и Базел и Малме, на изненадувачко задоволство на своите навивачи!Заедничкото на  Лигата на шампионите во моментов е дека сите играат фудбал!

Блескаа синоќа Арсенал, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен! Но, со победнички кренати раце своите настапи ги завршија и Базел и Малме, на изненадувачко задоволство на своите навивачи!Заедничкото на  Лигата на шампионите во моментов е дека сите играат фудбал!

Имаше неколку инспиративни остварувања. Фудбалерите на Арсенал во импресивното издание против Галатасарај ја одбележаа 18 годишната приврзаност  на својот тренер за „црвено-белата“ клупска боја. Дани Велбек со хет-трик беше главниот актер во блескавите 4:1!Авторитетот  на германскиот фудбал со секој нов настап се зголемува.Борусија Дортмунд среде Брисел го прегази Андерлехт со 3:0,  Баер во Леверкузен си поигруваше со  Бенфика ставајќи ја  речиси безнадежна ситуација на табелата. Атлетико Мадрид се крева во вистинскиот момент. Со 1:0 го доби дербито против Јувентус,полека извлекувајќи се од малото резултатско сивило во кое западна. Фудбалерите на Базел одново се херои во очите на своите прврзаници. Дебаклот против Реал Мадрид со 5:1 го заменија со подвиг над Ливерпул. Малме со 2:0 успеа да го приземји истиот Олимпијакос кој во претходното коло го надигра Атлетико Мадрид. Дебитантот во Лигата на шампионите Лудогорец беше на пат да му го загорчи животот на фаворизираниот Реал Мадрид.Бензема беше спасителот на европскиот првак, бугарската јавност во истата спасоносна  категорија за Реал го става и Шкотскиот арбитар Крег Томпсон.Приказна за големите и малите во спортот позната и без крај!

2 коло: резултати

„А“ група:

Атлетико Мадрид-Јувентус 1:0

Малме-Олимпијакос 2:0

Табела:

1.Јувентус   3

2.Малме       3

3.Олимпијакос 3

4.Атлетико Мадрид  3

„Б“ група:

Базел-Ливерпул 1:0

Лудогорец-Реал Мадрид  1:2

Табела:

1.Реал Мадрид  6

2.Ливерпул       3

3.Базел              3

4.Лудогорец     0

„Ц“ група

Баер Леверкузен-Бенфика 3:1

Зенит-Монако  0:0

Табела:

1.Зенит      4

2.Монако   4

3.Баер         3

4.Бенфика  0

„Д“ група

Андерлехт-Борусија Дортмунд 0:3

Арсенал-Галатасарај     4:1

Табела:

1.Борусија Дортмунд    6

2.Арсенал                      3

3.Андерлехт                  1

4.Галатасарај                 1