Свет

Тензии во Северна Ирска: Демонстранти ја блокираа трасата на протестантската парада

27.09.2026 17:32

Околу две илјади демонстранти ја блокираа рутата на протестантската парада во Портадаун, која требаше да помине низ католичка населба. Судот ја дозволи парадата, а полицијата предупреди дека учеството во протестите може да претставува кривично дело.

Тензии во Северна Ирска. Околу две илјади демонстранти ја блокираа рутата до католичката населба во градот Портадаун, низ која требаше да помине протестантска парада.

Комисијата ѝ дозволи на групата Оринџ ред да ја организира парадата, иако станува збор за марш кој е жариште на конфликт помеѓу двете групи.

Власта ја осуди одлуката на судот да ја дозволи парадата, порачувајќи дека не прифаќа враќање во минатото.

Полициските комбиња, пак, емитуваа предупредување преку звучници дека секој што учествува во неа прави кривично дело.