Скопје

Протестен собир за поддршка на поранешните лидери на ОВК

27.09.2026 18:47

На маршот учествуваа граѓани, ветерани, млади, студенти и претставници на граѓанското општество, но и политички лидери, меѓу кои беа Ахмети и Села.

Со извици „УЧК, УЧК“, но и повици за правда – попладнево во Скопје, на плоштадот Скендербег се одржа протестен собир во знак на поддршка за поранешните лидери на ОВК, кои специјалниот суд во Хаг ги осуди за воени злосторства и злосторства против човештвото.

На маршот учествуваа граѓани, ветерани, млади, студенти и претставници на граѓанското општество, но и политички лидери, меѓу кои беа Ахмети и Села.

Поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи, кој беше и претседател и премиер на Косово, заедно со Јакуп Красниќи добија 25 годишни затворски казни, Кадри Весели 18, а Реџеп Селими 13 години зад решетки.