Кабинет

Сиљановска-Давкова учествува на 22. Европски самит во Салцбург

28.09.2026 08:06

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург. Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург.

Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“.

Претседателката ќе оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер и со гувернерот на сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а ќе го посети и Глобалниот семинар во Салцбург.

Европскиот самит во Салцбург е годишен собир во организација на Институтот на регионите на Европа. Настанот обединува водечки политичари, дипломати, експерти и бизнис лидери. Главна тема на самитот годинава е „Европа – суверен глобален играч?“, со фокус на безбедноста на континентот, економската конкурентност, демографските промени и проширувањето на ЕУ.