Македонија

Собранието домаќин на регионална конференција за фемицид

28.09.2026 08:14

На конференцијата ќе учествуваат претставници на институции, парламенти, правосудството, меѓународни организации и граѓанскиот сектор од земјите од Југоисточна Европа, а во фокусот ќе бидат законодавните и институционалните одговори на фемицидот, парламентарниот надзор, механизмите за следење и собирање податоци, како и стандардите за идентификување и истражување на родово поврзани убиства...

Собранието следниве два дена е домаќин на регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа.

Конференцијата почнува денес со воведни обраќања на потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, Феридун Х. Синирлиоглу, генерален секретар на ОБСЕ, амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Лара Скарпита, виша советничка за родови прашања и шефица на програмата за родови прашања во Секретаријатот на ОБСЕ.

Во следните два дена ќе се дебатира за законодавните одговори на фемицидот, за парламентарниот надзор, механизмите за следење на фемицидот.