Македонија

20 години од Законот за слободен пристап до информации

28.09.2026 09:19

На настанот се најавени високи претставници на институциите, меѓународната заедница и партнерските организации.

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска ќе одбележи две децении од донесувањето на Законот за слободен пристап до информации. Одбележувањето ќе се одржи во Клубот на пратеници под мотото „20 години транспарентност што гради доверба“.

На настанот се најавени високи претставници на институциите, меѓународната заедница и партнерските организации.

Одбележувањето ќе го отвори советничката за односи со јавност во Агенцијата, Јасмина Велкова. Ќе се обратат директорот на Агенцијата, Петар Гајдов, пратеникот и претседател на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Љупчо Пренџов, како и амбасадорите на Швајцарија и Шведска, Кристоф Зомер и Ола Сулстром.

На настанот ќе зборуваат и градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, и програмската директорка во Фондацијата „Метаморфозис“, Данче Даниловска-Бајдевска.

Јубилејот е посветен на две децении од воспоставувањето на правната рамка за пристап до информации од јавен карактер, како и на значењето на правото на граѓаните да знаат за транспарентноста и отчетноста на институциите.