Нови решенија за легализација во општина Кисела Вода

02.10.2014 13:01

Со денешното давање правен статус на уште 50 објекти бројот на легализирани објекти во општина Кисела Вода достигна 3.111...

Општина Кисела Вода денеска доделени нови 50-тина решенија за легализација на дивоградби. Со денешното давање правен статус на уште 50 објекти бројот на легализирани објекти во општина Кисела Вода достигна 3.111.

Главната улога во овој процес, покрај општината, ја имате токму Вие – граѓаните. И затоа и овој пат ќе си дозволам јавно да ги повикам сите граѓани кои немаат изготвено геодетски елаборат, а се работи за 3.763 лица, да го сторат тоа во најкраток можен рок, бидејќи со некомплетна документација, односно без елаборат го доведуваат во прашање легализирањето на објектот, истакна Беличанец-Алексиќ.

Таа додаде дека се изготвени нови 87 урбанистички согласности од кои, за 78 се чека на уплата за процедурата да може да продолжи и процесот на легализација да може да се заокружи.

Доделувајќи ги решенијата, градоначалникот на општина Кисела Вода потсети дека крајниот рок за докомплетирање на документацијата, согласно последните владини измени е пролонгиран до 31 декември 2015. Повторно упати апел до сите граѓани да не го злоупотребуваат процесот на легализација и да градат нелегално во овој вакуум простор, бидејќи како што рече, ќе се соочат со општинската градежна инспекција која е постојано на терен.