Тенис
Тимот Европа го освои Лејвер купот 2026
28.09.2026 08:45
За тимот Европа настапија: Карлос Алкараз, Александар Зверев, Флавио Коболи, Јакуб Меншик, Каспер Руд и Рафаел Ходар.
Тимот Европа го победи тимот Свет во тенискиот Лејвер Куп со 13:5. За тимот Европа настапија: Карлос Алкараз, Александар Зверев, Флавио Коболи, Јакуб Меншик, Каспер Руд и Рафаел Ходар.
Александар Бублик, Алекс де Минаур, Брендон Накашима, Лернер Тиен, Тејлор Фриц и Франциско Черундоло играа за тимот Свет.
Деветтото издание на турнирот се одржа од 25 до 27 септември во О2 Арената во Лондон.
Европската репрезентација го освои трофејот по шести пат во својата историја.
