Култура

„Букстар“ 2026: Тридневен фестивал на европската литература под мотото „Чуму слободата?“

28.09.2026 10:39

Во фокусот на годинашното издание се прашањата за слободата, личната и колективната меморија, книжевноста и историјата, но и влијанието на технологијата и вештачката интелигенција врз светот што забрзано се менува.

Дванаесеттото издание на Фестивалот на европската литература „Букстар“ започнува денеска во Скопје и ќе трае до 30 септември. Под мотото „Чуму слободата?“, фестивалот носи средби со европски и македонски автори, книжевни читања, разговори, поткасти и дебати.

Во фокусот на годинашното издание се прашањата за слободата, личната и колективната меморија, книжевноста и историјата, но и влијанието на технологијата и вештачката интелигенција врз светот што забрзано се менува.

Фестивалската програма започнува денеска во 13 часот со средба на шпанскиот автор Елој Морено со средношколци во Театар Комедија. Официјалното отворање е во 19:30 часот во Лабораториум.

Во програмата се најавени шест странски автори – Јап Робен од Холандија, Елој Морено од Шпанија, Лилјана Коробка од Молдавија/Романија, Мартина Видаиќ од Хрватска, Гузел Јахина од Казахстан и Саша Бронвасер од Холандија. Во фестивалската програма учествуваат и повеќе од 30 македонски автори.

Првиот ден ќе биде посветен и на темата за технологијата и иднината, со дискусијата „Од робот до четбот: дискусија за ерата што доаѓа“, а вечерта Елој Морено ќе учествува во разговорот „Малиот принц на шпанската литература“.

Вториот фестивалски ден, 29 септември, носи книжевна тура, големо книжевно читање „Чуму слободата?“, како и разговори за историјата, личната меморија, историската траума и невидливите животи.

Фестивалот завршува на 30 септември со настан посветен на Марџан Сатрапи, средба со писателката Гузел Јахина и дебатата „Бестселерот (не) може да биде голема литература“.