Светлана Мојсов денеска ќе одржи предавање во МАНУ
Предавањето на Мојсов е насловено „GLP-1: Хемијата е од суштинско значење: Од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина“. Настанот е најавен за напладне во МАНУ, каде што Мојсов е член на Академијата надвор од работниот состав.

Светски реномираната научничка и истражувачка во областа на биохемијата, Светлана Мојсов, денеска ќе одржи предавање во Македонската академија на науките и уметностите. Таа ќе говори за значењето на хемијата во развојот на GLP-1, од истражувањата на пептидот до современите лекови за дијабетес и дебелина.
Предавањето на Мојсов е насловено „GLP-1: Хемијата е од суштинско значење: Од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина“. Настанот е најавен за напладне во МАНУ, каде што Мојсов е член на Академијата надвор од работниот состав.
На настанот ќе има и пригоден говор на академик Димитар Ефремов.
Мојсов во саботата беше одликувана со Орден „8 Септември“ од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот придонес кон светската наука и афирмацијата на државата во меѓународните научни кругови.
Нејзината научноистражувачка работа е особено значајна во областа на синтезата на пептиди и истражувањата поврзани со глукагонот и глукагон-сличниот пептид 1, односно GLP-1, врз кој се базираат современи терапии за дијабетес и дебелина.
