Кралството Саудиска Арабија

Гаши со собраниска делегација во посета на Саудиска Арабија

28.09.2026 11:01

Собраниската делегација, предводена од Гаши, ќе ја сочинуваат Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, и Аднан Азизи, заменик-координатор на ВЛЕН.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, на 28 септември ќе престојува во посета на Ријад, Кралството Саудиска Арабија.

Собраниската делегација, предводена од Гаши, ќе ја сочинуваат Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, и Аднан Азизи, заменик-координатор на ВЛЕН.

Во рамки на посетата, делегацијата ќе оствари средба со претседателот на Консултативниот совет (Шура), Шеик д-р Абдула бин Мухамед бин Ибрахим Ал-Шеик, како и со пратеници и членови на Групата за пријателство. Делегацијата ќе присуствува и на пленарна седница на Советот на Шурата.