Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците

28.09.2026 09:28

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Бошњаците во Македонија им го честита 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците…

Ви упатувам искрени честитки по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

Вие, Бошњаците, не сте само припадници на еден етнос, туку и важен човечки капитал.

Вие, Бошњаците, имате не само уставно загарантирано право слободно да го изразувате, негувате и развивате својот идентитет преку културни, уметнички и образовни институции и здруженија, туку и реално да го остварувате.

Вие, Бошњаците, сте релевантен субјект во процесот на политичко одлучување, и во економскиот развој.

Вие, Бошњаците, имате долга, автентична и богата национална приказна, којашто ја пишуваа вашите предци, денес ја пишувате Вие, а ќе ја пишуваат и генерациите по вас!

Посакувам младите Бошњаци да растат, да учат, да се образуваат и да се радуваат во мирна, здрава, демократска, солидарна, компетитивна и просперитетна европска држава.

Посакувам меѓусебно да се почитуваме и разбираме во градењето заеднички дом на рамноправни и среќни граѓани, во којшто, различностите ќе се почитуваат, а вредностите и принципите ќе нè обединуваат, без оглед на етничката и верска припадност, стои во честитката упатена од претседателката Сиљановска-Давкова.