Почна кампањата за вонредните локални избори за градоначалник на Брвеница
Кампања за вонредните локални избори за градоначалник на Брвеница. Во трка се шест кандидати. Изборите се закажани за 18-ти октомври...

Почна кампањата за вонредните локални избори за градоначалник на Брвеница. Во трка се шест кандидати. Владините коалициски партнери, ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ со одделни кандидати за градоначалници на Брвеница.
Актуелниот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, Стојанчо Радичевски, едногласно беше избран од Извршниот комитет за претендент за прв човек на општината. Кандидат на „Вреди“ за претстојните вонредни локални избори е Јакуп Хусеини. Претендент на социјалдемократите е Јовица Радески, актуелен советник во Брвеница, а „Демократската унија за интеграција“ ќе настапи со Аркин Јахији. Арифе Идризи и Душан Богдановски кандидат се кандидати на група избирачи.
Изборите за градоначалник на Брвеница, се закажани за 18-ти октомври, а ќе се одржат откако во јуни годинава на 58-годишна возраст почина градоначалникот на оваа општина, Ивица Илиевски. Функцијата привремено ја извршува досегашниот претседател на советот, Роберт Милошески.
