РКЕ
РКЕ денеска одлучува, неизвесна цената на дизелот
28.09.2026 10:34
Во моментов дизелот кој е под најголем притисок, се продава по 104,50 денари за литар, бензинот БС-95 по 99, а БС-98 по 101 денар.

РКЕ денеска ќе ги утврди новите цени на горивата, кои ќе важат во следните седум дена. На новата цена ќе влијаат берзанските движења, но и истекувањето на мерката за намалено ДДВ од 18 на 10 проценти. Денеска ќе се одлучува на седница на Влада дали мерката ќе биде продолжена.
Во моментов дизелот кој е под најголем притисок, се продава по 104,50 денари за литар, бензинот БС-95 по 99, а БС-98 по 101 денар.
