Масивни поплави во Тајланд, 62 лица загинаа и во Индија
Поројните дождови кои неколку дена врнеа предизвикаа големи поплави. Речиси 300 милилитри дожд наврнале викендов што ги преполни главните канали и водотеци. Властите ја прогласија областа околу Бангкок за зона погодена од катастрофа.

Критична состојбата на Тајланд. Поројните дождови кои неколку дена врнеа предизвикаа големи поплави. Речиси 300 милилитри дожд наврнале викендов што ги преполни главните канали и водотеци. Властите ја прогласија областа околу Бангкок за зона погодена од катастрофа. Поради поплавените патишта, сообраќајот и натаму се одвива отежнато, а жителите имаат проблеми и со набавката на основните производи.
„Вознемирена сум поради тоа колку долго ќе траат поплавите. Стравувам дека ќе се одолговлечат и дека ќе останеме без храна – а имам дете за кое треба да се грижам. Тешко е да се излезе и да се набават залихи, во многу продавници веќе нема храна, а недостигот штотуку почнува“, изјави жител на Талјанд.
„Воопшто не спиев, ниту пак јадев нешто. Бев под стрес – се грижев дека водата нема да се повлече и чувствував вознемиреност за тоа што може да се случи. Секогаш кога врне, седам надвор и внимавам на ситуацијата“, изјави жител на Тајланд.
Властите вложуваат максимални напори за испумпување на водата, но нивото на водостојот и натаму останува критичен. Според проценките, ќе бидат потребни два до три дена за повлекување на поплавите, под услов подолг период нема дождови. Поплави има и во Индија каде што загинаа 62 лица.
