Богов: Надворешниот долг на Република Македонија не е загрижувачки

02.10.2014 13:37

Гувернерот појасни дека НБРМ редовно врши анализа на сите индикатори околу надворешниот долг на земјата ...

Надворешниот долг на Република Македонија не е загрижувачки, бидејќи две големи компоненти  отпаѓаат на трговските кредити и кредитите  меѓу поврзани субјекти кои се многу позитивни за  нашата економија и всушност се странски директни инвестиции, смета гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Во надворешниот долг има повеќе категории меѓу кои се и трговските кредити и кредитите меѓу поврзани субјекти. Голем дел од нашиот надоврешен долг отпаѓа токму на овие две позиции - трговските кредити чие што зголемување покажува зголемени надворешно трговски односи што е секако позитивно и задолжувањето кај матичните компании во странство што се всушност странски директни инвестиции, истакна Богов.

Гувернерот појасни дека НБРМ редовно врши анализа на сите индикатори околу надворешниот долг на земјата со користење на препораките на ММФ, Светска банка и меѓународно прифатени прирачници за таа намена.