Концерт на Александра Коцевска и Глигор Гелебешев во Истанбул
Концертот ќе се одржи во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул, а на програмата ќе бидат изведени дела од Морис Равел, Џузепе Верди и Стојков.

Македонскиот културен центар во Истанбул, во соработка со Асоцијацијата на истанбулската филхармонија, на 30 септември 2026 година (среда), со почеток во 19:00 часот, организира концерт на македонските уметници Александра Коцевска – мецосопран и Глигор Гелебешев – пијано.
Концертот ќе се одржи во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул, а на програмата ќе бидат изведени дела од Морис Равел, Џузепе Верди и Стојков.
Концертот претставува уште една можност истанбулската публика да се запознае со македонската музичка уметност, во дијалог со делата од европската класична музичка традиција. Настанот е дел од континуираните активности на Македонскиот културен центар за претставување на македонските уметници пред турската публика и за создавање нови простори за културна соработка во Истанбул.
