Лишени од слобода 13 возачи за „безобѕирно управување возило“, осуммина без возачка
МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 13 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопштија од МВР.
Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.К.(32) од с. Волково, скопско, М.Н.(20) од Прилеп, А.Н.(27) од Македонски Брод, М.М.(21) од Куманово, 16-годишник и А.Д.(33), двајцата од с. Камењане, тетовско, 16-годишник од Тетово и 17-годишник од с. Добридол.
Под дејство на алкохол управувале четворица возачи и тоа: Д.Т.(62) од Велес, М.Т.(30) од населба Илинден, скопско, М.Т.(30) и Д.Д.Т. (31), двајцата од Скопје. Е.В.(24) од Скопје управувал патничко возило со активна забрана за управување возило со Б категорија.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.