Струмица

Преку домашен ајвар до заработка и привлекување млади за подготовка – Ајверијада во Босилово

28.09.2026 20:07

Правењето домашен ајвар може да биде и доходовна дејност. Жителки од струмичко се повеќе прават за продажба и ги привлекуваат младите да се свртат кон традицијата. Тоа го покажа и годинашнава Ајверијада каде беа приготвени околу 400 килограми ајвар од кој добар дел замина за домаќинства од социјален ризик...

Жителите на Општина Босилово ги запалија ќумбињата и го презентираа процесот на подготовка на домашен ајвар. Четврта година по ред ја одржуваат манифестацијата Ајверијада за да ги промовираат и продадат домашните преработки од црвена пиперка традиционален начин. Меѓу нив беше и Анка Ѓеоргиева која досега има направено над 300 тегли ајвар кои ги продава и надвор од земјава.

Во струмичко се повеќе млади се одлучуваат да прават ајвар по рецептите од повозрасните. Тврдат дека е тешко но остануваат верни на традицијата.

Околу 400 килограми ајвар малиџано и љутеница беше приготвено на Ајверијадата во Босилово. Добар дел од теглите со преработки ќе завршат кај домаќинства со ранливи категории граѓани од Општината.

Ајверијадата во Босилово која привлекува голем број гости до цела држава а има за цел промоција на традиционалната приготвување на македонскиот кавијар.

Ване Трајков