Изложбата „Корпореалност“ на Жарко Башески во Музејот на современа уметност во Белград
Како кустоси на изложбата се јавуваат Злата Вучетиќ од Музејот на современа уметност во Белград и Маја Крстевска од Националната галерија на Северна Македонија.
Музејот на современа уметност во Белград, во соработка со Националната галерија на Северна Македонија ќе ја претстави самостојната изложба на македонскиот скулптор и професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, Жарко Башески.
Како кустоси на изложбата се јавуваат Злата Вучетиќ од Музејот на современа уметност во Белград и Маја Крстевска од Националната галерија на Северна Македонија. Изложбата „Корпореалност“ го претставува уметничкиот опус на Жарко Башески, а поставката опфаќа дела кои ги карактеризираат монументални димензии, хиперреалистична обработка и исклучително промислен однос спрема човечкото тело и искуството.
Изложбата ќе биде отворена во петок на 2-ри октомври во 18 часот во Музејот на современа уметност во Белград во Сала Протиќ а за публиката ќе биде достапна се до 9 ноември 2026 година.
Фото: Принтскрин/ МСУ Белград
