Велика Британија

Петмина уапсени поради сомнителен заговор за напад врз британска воена база

28.09.2026 20:43

Во кралската воздухопловна база Велфорд која предизвика паника во Велика Британија. По пријава на жител кој забележал три сомнителни возила, полицијата уапси петмина мажи кои планирале поставување експлозив.

Заврши драмата во кралската воздухопловна база Велфорд која предизвика паника во Велика Британија. По пријава на жител кој забележал три сомнителни возила, полицијата уапси петмина мажи кои планирале поставување експлозив.

Воената база ја користат американските бомбардери вклучени во нападите врз Иран и претставува напредна оперативна локација за глобалната команда на САД, задолжена за управување со напади на долги растојанија. Британскиот министер за одбрана тврди дека безбедносните служби биле известени за заговорот на групата мажи.

„Нашето пријателство со Америка претставува најблизок сојуз меѓу кои било две нации на земјата и секогаш ќе стоиме заедно против оние што ја мразат нашата слобода и оние што сакаат да ни наштетат. Она што го видовме од нашите безбедносни служби, нашите вооружени сили и нашата полиција беше само мал дел од извонредната работа што тие ја вршат секојдневно, деноноќно и низ целиот свет“, изјави Вес Стритинг – министер за одбрана на Велика Британија.