Стопанската комора бара изземање на транспортерите од шенгенските ограничувања
Изземање на професионалните возачи од шенгенските ограничувања што важат за туристите, и трајно решавање на проблемот со транспортерите, бара бизнис-секторот. Според координаторот за меѓународна соработка во Стопанската Комора, предлогот би бил паралелен механизам на билатералните визи.

„Возачите се соочуваат со неодржлива административна пречка. Стоката не се движи сама. Ова не е миграциско прашање, туку е прашање на опстанок на европските синџири на снабдување. Вкупно 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Не е логично возачите кои ја сервисираат европската индустрија да се третираат со истите 90-дневни шенгенски ограничувања како туристите“, вели координаторот за меѓународна соработка во Стопанската комора, Даниел Матракоски.
Стопанството алармира дека бариерите за превозниците ќе се тема и на претстојниот состанокот на министрите за економија од регионот, што за два дена ќе се одржи во Цетиње.
„Тоа е значајна можност гласот на целото регионално стопанство без никакви посредници да биде директно соочен и разгледан од страна на ресорните министри и високите претставници на Европската комисија“, додава Матракоски.
Претходно, транспортерите протестираат пред Делегацијата на ЕУ во Скопје, барајќи решение за престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната.
Од Владата рекоа дека имаат целосно разбирање за предизвикот со кој се соочуваат македонските превозници и дека континуирано се работи на изнаоѓање конкретни и трајни решенија.
Борис Грујоски