Само половина од институциите транспарентни кон граѓаните
И по две децении од донесувањето на законот, граѓаните сè уште тешко доаѓаат до јавни информации. Институциите ги пробиваат роковите, а транспарентноста во голема мера зависи од нивниот прв човек.

Јавните информации се право на граѓаните, но 20 години по законот, само половина од институциите почитуваат достапност на јавноста. Се пробива рокот за достава на информациите и се тактизира со молк сè додека не се поведе тужба до Агенцијата.
Најнетранспарентни се повеќето општини, а најдобро е Министерството за одбрана. Подобро котираат Владата и Собранието.
Дипломатите во земјата забележале дека Македонија ги има истите проблеми со транспарентноста како и други демократски држави.
„Предизвиците тука се исти како во Шведска, но се поизразени овде оти шведскиот систем за достава подобро се спроведува и администрацијата е пообучена“, вели шведскиот амбасадор во земјава, Ола Солстром.
„Многу е важно граѓаните да имаат достап до информации, но честопати зависи од капацитетот на институциите да ги дадат, што овде сме забележале оди потешко“, изјави швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Сомер.
Транспаретноста засега зависи во голема мера од првиот човек во институцијата, додека не се смени системот, администрацијата сама автоматски да доставува јавни информации.
Ирина Гелевска
